Македонија
10. July 2017 - 17:31

Антивакциналните кампањи ги вратија заборавените болести - Два нови случаи на бебиња со „Магарешка кашлица“

Две бебиња, едното шест а другото осум месеци, во јуни заболеле од опасната голема кашлица или кај народот позната како магарешка. Дијагнозата била докажана и клинички и лабораториски. Едното не било вакцинирано а за другото родителите не дале податок за вакциналниот статус. За три месеци  Институот за јавно здравје регистрирал 4 случаи од оваа заразна болест за која педијатрите велат дека лекувањето трае долго а компликациите можат да предизвикаат и фатален крај.

-Последиците би биле големи, имајќи во предвид дека развојот на белите дробови е до осмата година. Може да остави трајни последици како астма илиу бронхитис. Се плашам дека во иднина се почесто ќе гледаме вакви слуачаи, кои како и порано што се случувало можат да имаат и фатален крај, вели Аспазија Софијанова, директор на Клиника за детски болести

За разлика од последните две години, порано според статистичките податоци речиси и да немало случаи со магарешка кашлица. Педијатрите признаваат дека има опаѓање на опфатот за имунизација и дека антивакциналните кампањи и одбивањето на родителите да ги заштитат децата ги враќа на голема врата опасните заразни заболување акои биле искоренети со децении. Според евиденцијата на Здравствен дом Скопје, во главниот град на 60 проценти е опадната вакцинацијата против МРП. ИЈЗ во секој месечен билтен евидентира случаи на заболувања кои можат да бидат спречени само преку задолжителна вакцинација.