Македонија
6. October 2017 - 13:50

Антитерористичката единица на нозе: Приведен скопјанец, еве што пронајде полицијата кај него

Вчера во 12,40 часот било пријавено дека на ул.„Вуковарска“ во Скопје во два одделни контејнери биле пронајдени навлака од ракетен фрлач и граната од рачен фрлач, кои најверојатно биле школски.
 
Во врска со пронајдените предмети приведен бил М.Ѓ. (68) од Скопје Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР-Скопје, Одделот за Антитероризам и Единицата за недозволена трговија.
 
Се работи на целосно расчистување на случајот.