Кошарка
21. јуни 2017 - 19:28

Антиќ: Ќе решам за 2-3 дена

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ се појави заедно со Ѓорѓи Чековски и со Тодор Гечевски на првиот тренинг на кошаркарската репрезентација под водство на старо-новиот селектор Јорданчо Давитков.

Антиќ пред извесно време најави дека ќе се пензионира од репрезентацијата, а на денешниот собир истакна:
- Моето присуство на денешниот собир и тренинг е пред се респект за стручниот штаб, играчите и директопрот. Пред неколку години изјавив за „мојата пензија“ и мило ми е што македонски тренер се врати во репрезентацијата и имам одлична соработка со него и во минатото. Ќе размислам за враќањето и 2-3 дена ќе се знае сигурно, изјави Антиќ.
https://

.be