Македонија
22. January 2017 - 16:20

Aнти Tрамп протестите организирани од Сорос со исти методи и исто сценарио како Шарената револуција во Македонија

Насилство, запалени контејнери, искршени излози, судир со полицијата на голем број луѓе низ улиците на Вашингтон. “Шарените револуционери” на контраверзниот бизнисмен Џорџ Сорос во САД се односуваат исто како соросовите организации во Македонија – не ја признаваат вољата на граѓаните и убедливата победа на Трамп со над 70 изборни поени разлика.

Сепак, американската полиција не дозволи „Шарена револуција“ во својата земја, откако во првиот ден на новиот претседател уапсени се 217 хулигани на Сорос кои насилно протестираа против неговата инаугурација, и повредија десетина полицајци.  Градоначалникот на главниот град Муриел Баузер изјави дека властите во Вашингтон нема да толерираат насилство од страна на учесници во собирите против Доналд Трамп.

Инаку, ова што деновиве се случува во САД, за Македонија е познато сценарио. Демонстрантите на СОРОС во Америка против Трамп ги користат истите методи како и шарените револуционери во Македонија, кои протестираа против Владата на ВМРО ДПМНЕ. судири со полицијата, деломирање и фарбање на јавни објети.

Покрај Македонија, Сорос обоени револуции организираше и во многу држави ширум светот. Аналитичарите веќе коментираат дека ерата на обоените револуции по се изгледа ќе заврши во Америка со победата на Доналд Трамп кој ќе го спречи ваквото криминално делување. Протестите во САД се само последниот крик на поразените елити.