Свет
27. јуни 2017 - 10:55

Анонимуси: НАСА наскоро ќе објави за постоење на вонземјани

Познатата хакерска мрежа Анонимуси на службената страница постави видео во кое најавуваат дека НАСА наскоро ќе објави дека постои интелегентен вонземски живот.

За да се види за што станува збор потребно е да се анализира видео пораката која во изминатите шест дена на ЈуТјуб е прегледана повеќе од милион пати.

Фајлот на ЈуТјуб е поставен на 20 јуни само еден ден откако НАСА објави дека научници со помош на вселенскиот телескоп Кеплер откриле 219 можни нови екстрасоларни планети од кои на десетина може да наликуваат на Земјата.

Друг повод се коментарите на портпаролот на НАСА Томас Курбухен искажани пред американскиот Конгрес на 26 април.

- Имајќи ги предвид сите различни активности и мисии кои трагаат по докази за постоење вонземен живот, се наоѓаме близу едно од најголемите откритија во историјата, рече тој.

Идната година НАСА планира лансирање на нов, понапреден телескоп во вселената за трагање по планети и живот во вселената - вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Таа суперсензитивна мисија ќе може да открива траги од вода, метан, озон, кислород и други хемикалии во атмосферите на егзопланетите.