Македонија
23. July 2017 - 16:40

Анонимен повик ја мобилизираше полицијата на скопскиот аеродром

Телефонска закана ги  крена на нозе вработените во скопскиот аеродром.

Дежурната во инфо службата синоќа  добила анонимен повик со закани. 

Јавувачот прв пат се јавил во 20 часот и 10 мин на телефонот за информации. Вработената која била на смена веднаш пријавила во службите и повикала полиција. Од  ИТ секторот на аеродромот го утврдиле телефонскиот број  на заканувачот.

Пријавата ја мобилизирала полицијата, истрагата го открила јавувачот, но ниту од МВР, ниту од скопскиот аеродром не откриваат што содржеле заканите.

По добивањето на пријавата за настанот, полициски службеници направиле увид на  местото на настанот. 

Лицето било веднаш контактирано  со цел откривање на идентитетот, но истиот одбил да соработува со полицијата.

-Од страна на ИТ – службата на ТАВ бил утврден телефонскиот број од лицето кое се заканувало. Од страна на полициски службеник остварен е контакт со лицето и при разговорот истото одбило да го каже својот идентитет и продолжило со истите закани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Согласно одредбите од кривичниот законик, лицето ќе заработи соодветна пријава за искажаните закани на  скопскиот аеродром.