-->
-->
Анонимец на клупата на Леванте!?
-->
Шпанскиот фудбалски прволигаш Леванте го именуваше анонимниот Руби за нов тренер, објави клубот на својата интернет страница.
Руби на клупата на екипата од предградието на Валенсија го наследи Луис Алкараз кој доби отказ по неделниот пораз на домашен терен од Реал Сосиедад (0:4).
Новиот тренер со Левенте потпишал договор до крајот на сезоната, со опција тој да биде продолжен на уште две години доколку Леванте избори опстанок во лигата.
Руби бил дел од стручниот штаб на Барселона во времето на Тито Виланова, а самостојно тренирал неколку клубови од пониските лиги, односно Џирона и Ваљадолид.
Леванте во моментов се наоѓа на последното место во Примера со само шест освоени бодови, а во наредното коло за противник ќе ја има Валенсија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација