Свет
17. February 2017 - 10:35

Анкета: Шулц би ја победил Меркел, доколку избирачите можеа директно да гласаат за канцелар

Кандидатот на германските социјалдемократи за парламентарните избори во септември би освоил 49 процентри од гласовите, доколку избирачите би имале можност директно да гласаат за канцелар, а актуелната канцеларка Ангела Меркел би освоила 38 проценти.

Ова се резултатите од анкетата на социолошкиот институт  „Форшунгсгрупе Вален“ за телевизијата Цет-Де-Еф.

Во анкета на истиот социолошки институт од крајот на минатиот месец Меркел водеше пред Шулц со четири процентни бода, 44 наспроти 40 отсто.