Анкета: Русите се уште поделени во ставовите за Октомвриската револуција
Катастрофа, државен удар или поттик за развојот на Русија: сто години по Октомвриската револуција Русите остануваат поделени по ова прашање, покажува анкета на рускиот институт ВЦИОМ.
Револуцијата од 1917 година „даде поттик на општествено-економскиот развој на земјата“, сметаат 38 проценти од испитаниците во анкетата, спроведена од 3 до 5 октомври со 1.800 луѓе во 46 руски области.
За 13 проценти од анкетираните целта на болшевиците била да и ја дадат „власта на народот, фабриките на работниците и земјата на селаните“, како што гласи познатиот слоган од тоа време.
Секој петти Русин, или 19 проценти, смета дека е „државен удар“, а за 14 проценти од анкетираните револуцијата „го запрела општествено-економскиот развој на земјата“. Покрај ова, 13 отсто се убедени дека револуцијата била „катастрофа“ за земјата.
Сепак, речиси сите испитаници, односно 92 проценти, се согласуваат дека во денешна Русија не треба да има нова револуција. Ваквата опција ја поддржуваат само пет отсто од испитаниците.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација