Македонија
3. December 2016 - 17:04

Анкета на „Рејтинг“: Спасов повторно му дава лажна надеж на членството на СДСМ но и алиби на Заев за бојкот на резултатот

СДСМ пред секои избори посегнува кон стратегија на креирање еуфорија и нереални очекувања анализираат медиумите. Така е и со последната анкета на агенцијата Рејтинг на Ѓорѓи Спасов KOJа  покажува наводно приближување на СДСМ кон ВМРО ДПМНЕ во рејтингот. Овие анкети се со цел да ја подигнат еуфоријата кај членството на СДСМ и да дадат алиби, доклку загубат да тврдат дека изборите не биле фер, коментираат познавачите на политичките состојби. Истите овие анкети и очекувања имаат рок на траење се до денот на гласање, кога стигнува демантот и тоа е пракса веќе 10 години, велат тие. Покрај агенцијата Адриа, како главен партнер на СДСМ во оваа игра редовно се јавува и агенцијата Рејтинг. Но и овојпат резултатите на агенцијата предизвикаа потсмев и кај постарите членови на партијата. 

Членовите на СДСМ кои ги промовираат ваквите ставови со кои се манипулира јавноста, како по правило се истите Шеќеринска, Заев и Пендаровски. За претседателските избори истата агенција пласираше резултати  од кои произлезе дека кандидатот на СДСМ Пендаровски ќе победи со 150.000 гласа предност пред актуелниот претседател Иванов.

Исто така и Заев ветуваше во 2014 г. дека ќе победи со 100 000 гласа предност според она што го велеле анкетите но загуби со приближно 200 000 гласа.

Колку се релевантни анкетите на Рејтинг и Ѓорѓи Спасов се разви голема дебата минатата година кога пропадна референдумот на Општина Центар. Тогаш и новинарот Бранко Геровски јавно  ги оспори и критикуваше  истражувањата на агенцијата и лажни очекувања кои ги креирал Спасов нанесувајќи штета на СДСМ.

Инаку реномираната агенција Брима галуп со последната анкета покажа огромна предност за ВМРО ДПМНЕ на две недели пред изборите. Резултатите покажаа дека граѓаните најмногу доверба имаат во лидерот на владејачката партија Никола Груевски. Тој ужива речиси двојно поголема доверба од лидерот на опозицијата Зоран Заев. На Груевски му веруваат 20,8 проценти од гласачите, наспроти 11 проценти кои му веруваат на Заев. Од гласачите поголем дел во земјава би гласале за ВМРО ДПМНЕ 25,8 проценти наспроти СДСМ за кои се изјасниле 16, 7 проценти. Овој процент доколку се издвојат само одговорите на анкетираните македонци, ВМРО ДПМНЕ е повторно со значителна предност со 35,9 отсто наспроти СДСМ со 21,6 отсто.