Македонија
8. February 2018 - 16:15

Анкета: Македонија со најпозитивни чуства кон Србија, најлоши кон Косово, Албанија и Грција

Македонските граѓани имаат позитивно мислење за соседна Србија и Бугарија, а негативно за Косово, Албанија и за Грција, покажува истражувањето што го спроведе Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во периодот од 16 до 21 декември.

Според резултатите од телефонската анкета, 42,3 проценти од испитаниците одговориле дека имаат многу позитивно мислење за Србија, за Бугарија многу позитивно е мислењето кај 25,8 отсто од испитаните.

Многу негативно мислење за Косово искажале 33,3 отсто за Грција 28,7 проценти. Многу негативно за Албанија се изјасниле 32,8 проценти.

Од државите во светот, македонските граѓани најпозитивно мислење имаат за Германија, Холандија, Турција а најнегативно за САД и Русија.

Од вкупно анкетираните, 54,5 процетни сметаат дека во моментот некоја држава не претставува  закана за Македонија, а најголем дел од нив ја посочиле Грција, по што следуваат САД и Косово.

Најголем дел од анкетираните 27,2 би сакале да живеат во Србија. Најмалку сакаат да живеат во Косово и во Грција.

Со анкетата биле опфатени 1.113 полнолетни испитаници на ниво на држава. Резултатите од истражувањето ќе бидат објавени во три дела во следните неколку дена.