Свет
27. August 2016 - 10:11

Анкета: Клинтон води со 5 проценти пред Трамп

Кандидатот за претседател на САД на Демократската партија Хилари Клинтон води пред конкурентот од републиканците Доналд Трамп со 5 процентни поени. Тоа е помалку во споредба со претходното мерење овој месец, кога водеше со 12 процентни поени, покажува денеска објавеното истражување на јавното мислење, нарачано од Ројтерс и Ипсос, јави БТА.

Истражувањето, спроведено во периодот 22-25 август  покажува дека пред претседателските избори на 8 ноември, 41 проценти од избирачите ја поддржуваат Клинтон, а 36 проценти Трамп. Околу 23 проценти не изразиле наколоност кон ниту еден од двајцата кандидати.