Свет
8. October 2016 - 13:47

Анкета: Клинтон води пет поени пред Трамп

Демократскиот кандидат за претседател на САД Хилари Клинтон води во однос на ривалот од Републиканската партија Доналд Трамп со пет процентни поени, покажуваат резултатите од најновата анкета на Ројтерс/Ипсос, пренесува Танјуг.

Анкетата спроведена од 30 септември до 6 октомври покажува дека 43 отсто од испитаниците ја поддржуваат Клинтон, додека 38 проценти се за Трамп.