Македонија
1. October 2016 - 19:22

Анкета институт „Павел Шатев”: ВМРО:ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ

ВМРО ДПМНЕ има голем предност пред СДСМ, покажува последната анкета на Институтот Павел Шатев. Груевски и натаму е најпопуларен политичар. Испитаниците во анкетата одговориле дека имаат многу поголема доверба во ВМРО ДПМНЕ напсртои СДСМ во поглед на решавање на проблемите во државата.
25.9 Проценти од анкетата на Институтот Павел ШАтев одгвоориле дека на предвремените избори ќе гласаат за ВМРО ДПМНЕ, насрпти 15.7 проценти кои се опеделиле за СДСМ. Во албанскиот политички блок ДУИ е во водство пред ДПА со 5.1 напсроти 2.7 %.
Анкетата покажува дека испитаниците немаат дилема кој ќе биде победник на изборите. Високи 40.4 % сметаат дека тоа ќе биде владеачката ВМРО ДПМНЕ, наспроти 15.6 кои веруваат дека победник може д абиде СДСМ.
Анкетата не покажаува драстични промени во рејтинзите на политичарите од изминатите анкети. Граѓаните најголема доверба имаат во Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски28.2%, па следува Зоран Заев со 8,8 %, Али Ахмети со 5.5, Мендух Тачи со 2.8 проценти доверба. Стевчо Јакимовски и Бранко Црвенковски се единствените други политичари кои на анкетата имаат рејтинг над 1 %.
Над 50 % од анкетираните сметаат дека ВМРО ДПМНЕ е партијата која може подобро да ја води економијата во државата и која би направила повеќе за економскиот напредок.
Сличен е рејтингот и на прашањето кој подобро би се справил со безбедноста на државата.
Во поглед на испитуивањето на мислењето за програмските аспекти на партиите, граѓаните оцениле дека владеачката партија има подобра програма од опозицијата, како и до тоа дека ВМРО ДПМНЕ како партија повеќе држи до дадениот збор. Тоа гто мислат 62 %, насроти 19 кои сметаат декла тоа е сдсм.
Анкетата на институтот Павел Шатев е спроведена телефонски, на репрезентативен примерок од 1260 испитаници од 26 до 29 септември