Анкета: Демохристијаните на Меркел изедначени со социјалдемократите на Шулц
Најновата анкета меѓу германските избирачи покажа дека националистичката партија „Алтернатива за Германија“ ја губи поддршката меѓу избирачите, а Демохристијанската унија на канцеларката Ангела Меркел и нејзиниот главен опонент - Германската социјалдемократска партија, остануваат со израмнети позиции, пренесоа американските медиуми.
Денеска објавената анкета на агенцијата „Евнид“, направена за весникот „Билд“, покажува дека поддршката за двете главни партии останува непроменета, со по 33 проценти. Маргината на статистичката грешка изнесува 2,5 проценти.
Социјалдемократите го зголемија својот рејтинг откако во јануари за свој лидер го избраа доскорешниот претседател на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, кој ќе и биде соперник на Меркел за канцеларската функција на изборите закажани за септември.
„Алтернатива за Германияја“ загуби еден процент и со осум проценти поддршка се наоѓа на нејзиното најниско ниво во последната година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација