Свет
15. December 2017 - 22:58

Анкета: Американците се песимисти во однос на Трамп и САД

Мнозинството Американци на крајот од годинава имаат песимистичка слика за својата земја и претседателот Доналд Трамп, покажа анкета што ја спроведе НОРЦ Центарот за истражувања на јавни прашања.

Истражувањето покажало дека помалку од четвртина Американци сметаат дека Трамп ги исполнил ветувањата, кои им ги дал на гласачите, додека само тројца од 10 Американци мислат дека САД одат во добар правец, а 52 отсто испитаници веруваат дека состојбата во земјата е полоша откако Трамп стана претседател.

Меѓу републиканците, само половина велат дека Трамп ги одржал своите ветувања.

Предизборните ветувања на Трамп опфатија измени на законот за здравствено осигурување, повлекување на САД од нуклеарниот договор со Иран и вложување милиони во нови проекти за да се поправи застарената инфраструктура во земјата, но, како што јавуваат американските медиуми, ниту еден од тие чекори не е преземен.