Свет
13. January 2018 - 12:27

Анкета: Американците не сакаат Опра да биде претседател на САД

Податоците од новата анкета на институтот „Марист Пол”, покажуваат дека Американците не сакаат ТВ водителката Опра Винфри да се кандидира за претседател на САД, јави АФП.

Само 35% од анкетираните 1.350 лица сакаат Опра да се кандидира на изборите во 2020 година.

Сепак, ако Опра биде еден од кандидатите, тогаш, според анкетата, 50% од Американците се подготвени да гласаат за неа наспроти 39% кои би гласале за Доналд Трамп, во случај тој да се бори против неа.