Македонија
14. January 2016 - 17:00

Анкета: 73.7% не сакаат одложување на изборите

73.7 отсто од испатаниците кои учествувале во анкета на институтот Павел Шатев сметаат дека не треба да се одложат изборите закажани за 24 април. 15 проценти од анкетирани одговориле дека е потребно нивно одложување, а одговор незнам/но дале 11.3 отсто од испитаниците.

На прашањето , Доколку треба да изберете меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, која партија сметате дека повеќе или донекаде е посветена на исполнување на договорот од  Пржино и одржување на изборите во Април, 55,7 ја посочиле владејачката ВМРО – ДПМНЕ. 24,8 СДСМ и 19,5 дале одговор Незнам.

Запрашани, Доколку треба да изберете меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, која партија сметате дека повеќе или донекаде може да и се верува дека ќе ги исполни предизборните ветувања, 58,3 осто одговориле ВМРО-ДПМНЕ, 21 процент СДСМ и 20,7 отсто дале одговор не знам.

На паршањето Доколку треба да изберете меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, која партија сметате дека повеќе или донекаде знае како да ја води економијата и да креира работни места, 64,1 процент ја посочиле владеачката ВМРО-ДПМНЕ, 19,9 отсто одговориле СДСМ и 16 проценти дале одговор Незнам.

64 проценти од анкетираните сметаат дека опозицијата има „свои“ медиуми, чијашто уредувачка политика е понаклонета на опозицијата, и има доволен простор за својот став? Со спротивен став се 22 отсто, а 14 проценти дале одговор не знам.

Телефонската анкета институтот Павел Шатев ја спровел во преиодот помеѓу 10 и 13 јануари годинава, на 1025 испитабици. Целта на анкетата според институтот е да ги утврди перцепциите на граѓаните за тоа која од двете најголеми партии подобро би се справила со одредени политички предизвици, ставот за предвремените избори во април 2016 и изборот на иден премиер на РМ.

Анкетата е направена врз основа на репрезентативен примерок на гласачите на македонските партии, а од институтот напоменуваат дека сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,5 %.