Балкан
28. March 2017 - 16:46

Анкара со предупредување до Европа да не се меша во врска со референдумот во Турција

Анкара ја предупреди Европа да не се меша во референдумот во Турција за промена на Уставот и проширување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, изјави денеска премиерот Бинали Јилдирим. Тој додаде дека Европа треба „да си ја гледа својата работа“.

Јилдирим тоа го изјави на митинг во округот Карман во врска со референдумот.

Прашањето за референдумот веќе сериозно ги наруши односите меѓу Турција и неколку европски држави меѓу кои Гермнаија и Холандија откако забранија турски министри да водат кампањи во нивни градови пред референдумот на 16 април.