Анкара: Нема никакви пречки за екстрадиција на Фетула Ѓулен од САД
- Турскиот министер за правда Абдулхамит Ѓул денеска изјави дека веќе не постојат никакви пречки за екстрадиција на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен од САД во Турција.
Турските власти го обвинуваат Ѓулен дека стои зад минатогодишниот обид за државен удар во земјата и преговараат со Вашингтон за барањето за негова екстрадиција.
- Сите преземени обврски беа исполнети согласно договореното. Официјално веќе нема никакви пречки за екстрадицијата на Ѓулен, изјави министерот Ѓул.
Ѓулен живее во доброволен егзил во САД од 1999 година и од својот имот во американската сојузна држава Пенсилванија раководи со меѓународна фондација сопственик на училишта и други организации, за кои турските власти велат дека биле директно вмешани во обидот за државен удар.
Турција тврди дека на САД им ги предала сите докази за вмешаноста на Ѓулен во обидот за пуч, како дел од барањето за екстрадиција.
- Бараме САД да ни го екстрадираат овој водач на терористичка организација која уби 250 луѓе во Турција, што е документирано со докази и со судски пресуди, додаде
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација