Балкан
19. November 2017 - 21:53

Анкара ги забрани сите јавни ЛГБТ настани

 Турските власти денеска ги забранија сите јавни настани кои ги организира ЛГБТ заедницата во Анкара. 

Забраната, што стапи на сила синоќа, се однесува на сите ЛГБТ филмови, театарски претстави, панел-дискусии или изложби. 

Имено, турските власти ја донеле оваа одлука поради безбедносни причини, бидејќи таквите настани би можеле да испровоцираат реакции од некои социјални групи поради „чувствителниот материјал“, со што ќе биде загрозена безбедноста на учесниците.