Живот
7. December 2016 - 19:15

Ања го спаси од сигурна смрт и му даде име Надеж: Прогласена е за најинспиративна личност во светот- Еве како игледаат денес!

Ања Рингрен Ловен е данска хуманитарка која во февруари од глад и сигурна смрт спаси нигериско дете, кое потоа и го посвои и му даде име Houp (Надеж). Таа својот живот го посветила на спасување на деца и во текот на својата хуманитарна работа спасила и многу други деца, па поради своите постигнувања е прогласена за најинспиративна личност на светот!

Оваа титула и ја додели австискиот магазинот „OOOM“. Магазинот Ања ја ставил дури и пред Барак Обама, кој е на второ место пред Шарлиз Терон и Леонардо Дикаприо, кој активно се бави со социјално одговорна работа, како и пред Папата Франциско, јавува данската ТВ2.

Погледнете ја целосната листа на најинспиративни луѓе на планетата:

Да потсетиме, Ања на себе привлече внимание откако објави фотографија како го храни нигериското дете кога неговото племе го исфрлило од заедницата, сметајќи го за ѓавол. Го отфрлиле и го оставиле да умре, сам без храна, вода и облека. Покасно го посвоила, а потоа на инернет се појавија фотографии од среќниот, здрав и весел Хоуп.

За жал судбината на Хоуп ја делат многу деца низ цела Африка.