Фудбал
16. March 2018 - 12:24

Англиско дерби во Лигата на шампионите

Попладневната жрепка во Лигата на шампионите  посака во четвртфиналето силите да ги одмерат англиските претставници Ливерпул и Манчестер Сити. Најинтересниот дуел од оваа фаза секако е репризата на ланската пресметка помеѓу Реал и Јувентус.

Првите мечеви од четвртфиналето се играат на 3 и 4 април, додека реванш дуелите се закажани за 10 и 11 април. Во четвртфиналето има дури пет клубови кои биле на европскиот трон, а заедно вкупно 29 пати го освојувале трофејот.
 
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО
 
Барселона - Рома
 
Севилја - Баерн Минхен
 
Јувентус - Реал Мадрид
 
Ливерпул - Манчестер Сити