Џет-Сет
17. August 2017 - 13:25

Англичаните полудеа по девојката на новиот напаѓач на Стоук

За Хасе Родригез зборуваа дека е најдобриот напаѓач  кој стигнал од  младинските школи на Реал дури и подобар од Раул Гонзалез.

Сепак, Шпанецот не доби вистинска шанса во Реал, а минатата година се префрли во ПСЖ од каде прво го пратија на позајмица во Лас Палмас. Хасе од оваа сезона ќе игра во Стоук Сити. Со Шпанецот на едногодишна авантура во Премиер Лигата е и атрактивната девојка Аира Руиз.

Минатото лето прв пат се појавија заедно во јавноста, а аура беше со него и на претставувањето во ПСЖ. Двајцата се родени на Канарските Острови, а Англичаните полудеа за Аура која Инстаграм Ѕвезда и ја пратат четврт милион луѓе.