Анѓушев, Зарков и Хоџа, предлози од бизнисот за економски вицепремиер
Кочо Анѓушев, Александар Зарков и Неби Хоџа се кандидатите што ги предлагаат стопанските комори за вицепремиери за економски прашања во новата влада.
Анѓушев е потпретседател на Стопанската комора на Македонија, Зарков е извршен директор на Сојузот на стопанските комори (ССК), а Хоџа е претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).
Ставот на трите комори е идентичен, дека бизнисот треба да биде директно вклучен во економската и развојната политика на државата и дека треба да има пристап во подготовката на законите пред тие да ги поминат филтрите на владата, а не откако ќе влезат во собраниска процедура.
- Вицепремиерот за економски прашања треба да делува во насока на креирање стратегија за развој на приватниот сектор, на поголема продуктивност, поголем број вработувања, подобрување на деловното опкружување и овозможување негов раст и развој, порачува бизнис заедницата.
Според коморите, неопходно е целосно усогласување на владините политики со интересите на стопанството.
Ново на Сител
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно