Бизнис
28. August 2017 - 16:02

Анѓушев: Лага е дека ќе поскапи струјата

Лага се сите информации околу покачувањето на цената на струјата. Тоа е само одвлекување на вниманието на македонската јавност од вистинските теми. А, вистинската тема е дека се врати евтината тарифа на електричната енергија, таа што ја укина претходната Влада, која денеска ја враќаме како придобивка на сите граѓани. Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска при посетата на рудникот „Бучим“ по повод Денот на рударите одговорајќи на новинарски прашања.

Тој додаде дека вистина е, исто така, дека во јуни оваа година се барало зголемување на цената на струјата за 6 отсто, но наместо тоа, цената се намали.

Потеницра дека  дека цената на струјата во иднина, воопшто не е тема. - Некој, како што додаде, сака да ја пласира како тема за да задскријат други активности кои народот бргу ќе ги види. Македонскиот народ е интелигентен и на таквите лаги нема да потклекне.

Во врска со актуелниот тендер за  ископ на јаловина во РЕК Битола, распишан од ЕЛЕМ, тој објасни дека  минатото раководство на ЕЛЕМ имаше распишано тендер за ископ во РЕК Битола и  дека на тој тендер имало негативно поддавање:

- Овде морам да кажам дека Владата на Република Македонија, и сите јавни претпријатија, мораат да работат согласно законите во државата. Во моментот се анализираат сите понуди што конкурирале на тендерот, вклучувајки ја и компанијата што дала најповолна цена, и при тоа, доколку нивната понуда е во колизија со законите, таа понуда ќе биде одбиена. Доколу нема такво нешто, јас би се фокусирал на две други прашања. Првото е зошто судот ја отфрли блокадата за на сметката на таа компанија, кога веќе било утврдено дека нејзиното работење не било во согласност со законот, и второ, зошто претходното раководство на ЕЛЕМ, кога веќе беше разотркиено таквото работење на таа компанија, распиша тендер во кој не објави негативна референца, согласно Законот за јавни набавки, за оваа компанија. Мислам дека одговорите треба да се бараат во тие две насоки, истакна Анѓушев.

Нагласи дека најбитното прашање кое што треба да се одговори е, зошто истата компанија до вчера наплаќала од 90, а во одделни ситуации и до 144 денари по ископ на 1 гигаџул, а денеска истата компанија е подготвена да ја врши истата услуга за 44 денари. - Моето прашање, рече, е каде завршила разликата од тие пари, и зошто тие цени не се постигнувани и претходно.

Според него сите прашања, со цената на струјата, и со сите активности  околу цената на струјата, во последниот период се само оттргнување на вниманието од ваквите, како што рече, нелогични постапки, а за тоа има и институции кои што треба да испитаат дали се криминални дејствија што се случувале во енергетскиот сектор во Македонија.

На прашањето кое е неговото мислење за ваквата понуда на тендерот, тој рече дека претпоставувам дека никој не би работел со загуба и претпоставува дека сега, со една транспарентна постапка и чесен пристап, ќе се дојде до реални цени на работењето.

- Заштедите што ќе се постигнат во енергетските компани, за кои гледаме дека има простор, ќе бидат трансферирани кај граѓаните на Република Македонија, во облик на евтина тарифа на струјата и во други придобивки, истакна вицепремиерот за економски прашања.