Анѓушев: Има простор за договор со транспортерите во Фени
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека има простор за договор меѓу инвеститорот Џи Сол и транспортерите кои одбија да возат руда за Фени се додека не им се исплатат заостанатите долгови и очекува случајот да има позитивна завршница.
- Се прават сите напори фабриката да се рестартира. Мислам дека има добар предлог спрема транспортерите и дека и тие како и вработентие ќе бидат обесштетни и ќе се договорат да продолжат да работат. Владата не може да ги води преговорите, туку Џи Сол како инвеститор и транспортерите како засегната страна. Ние сме тука да ги охрабриме да направат договор и ќе направиме се што е во наша моќ, рече Анѓушев одговараќи на прашање по потпишувањето договор за државна помош со компанијата „ВИК“ во Владата.
Тој истакна дека Владата ќе поддржи било која компанија што ќе ги плати сите обврски на доверителите во Фени да биде сопственик на кавадаречката фабрика.
- Владата не го води процесот и не е во позиција да прифаќа или да одбива понуди. Кој ќе понуди најмногу кон одборот на доверители, а за тоа се отвора пат во сегашната стечајна постапка со планот за реструктуирање, тој на крај ќе биде сопственик на Фени и тоа ќе го одлучи одборот на доверители, собранието на доверители, стечајниот управител и стечајниот судија во рамките на судот во кој се води процесот, потенцира Анѓушев.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање