Фудбал
3. October 2016 - 14:06

Ангеловски ја изврши првата прозивка

Повиканите репрезентативци  за квалификациските дуели со Израел и Италија полека пристигнуваат во х. Гранд Плаза каде селекторот Игор Ангеловски одржа и брифинг со присутните новинари а првиот тренинг ќе го одржи во 18.30ч на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ . 

„ Нашите мисли се фокусирани кон првиот противник Израел и ќе направиме максимални подготовки да извојуваме победа. Сепак  мора да се каже дека се работи за силен противник кој е мајстор за изведување брзи контранапади. Наша цел е со агресивна пресинг игра да го нападнеме дефанзивниот дел од нивната игра и тука да ја бараме нашата шанса. Победа на овој дуел ќе значи и екстра мотив за следниот противник Италија каде сигурно ќе имаме и голема поддршка од навивачите“- изјави Ангеловски. 
За Стефан Спировски најважно е да се креира игра која ќе донесе доминација над противникот.: „ Со добра анализа на противникот можеме да подготвиме игра за добар резултат.  Сметам и на прекините и можеби таква шанса ќе ни донесе успех“- смета Спировски. 
Средбата со Израел се игра на 06. октомври на Филип Втори а три дена подоцна гостува Италија.