Фудбал
29. August 2016 - 19:03

Ангеловски: И без Ибраими и Трајковски имаме доволно фудбалери за гостувањето во Албанија

Македонската фудбалска репрезентација денеска стартуваше со подготовките за квалификацискиот дуел со Албанија. Селекторот Ангеловски нема да може да смета на повредените Агим Ибраими и Трајковски додека последен пристигнува голманот Димитриевски. 

„ Знаеме што значат  Ибраими и Трајковски за нашиот тим но тоа е фудбалот од кој дел се и повредите. Играме само еден квалификациски дуел и затоа нема да повикувам нов играч.  Сакам да се подготвиме добро и да стартуваме со позитивен резултат во овие квалификации “- изјави  пред првата прозивка Ангеловски. 

Средбата со Албанија се игра од 20 ч на 05.септември во Скадар.