-->
-->
Ангеловски: Целата заслуга е на фудбалерите
-->
Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Торино остана непоразена на гостувањето кај четирикратниот светски првак Италија. Со голот на Александар Трајковски во вториот дел Македонија изедначи и ова е трет натпревар на гости без пораз по двете победи над Лихтенштајн и Израел.
- Да се одигра нерешено со четирикратен светски првак е голема работа. Целата заслуга е на фудбалерите, а сакам да го видам вистинскиот карактер на оваа селекција и да ја победиме селекцијата на Лихтенштајн (во понеделник во Струмица). Ги погодивме и замените, Трајковски влезе и постигна гол. Испалнирано ни беше Трајковски да биде џокер и се покажа како вистински потег. Кога на два натпревара одиграте на вакво ниво со Италија, тогаш нема случајност при нашиот успех. Во силна група со Шпанија и Италија, покажавме квалитет и се надевам дека ќе го исполнам сонот и ќе се квалификуваме на една голема фудбалска приредба, изјави на прес конференцијата селекторот Ангеловски.
Последниот натпревар од квалификациите Македонија го игра на 9.октомври во Струмица против Лихтенштајн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата