Фудбал
24. February 2018 - 16:21

Ангелов со деби погодок го „сруши“ Вардар

Фудбалерите на Работнички го добија големото градско дерби со Вардар во првиот меч од викенд колото во домашното фудбалско првенство и тоа со 2-1.

Многу рано „романтичарите“ го најавија изненадувањето.
Клучна фигура беше новото засилување Виктор Ангелов кој се врати во домашниот фудбал од Унгарија. По негова асистенција уште во 2.минута Ерера го отвори резултатот а Ангелов во 7. најдобро се снајде во казнениот простор на гостите и зголеми на 2-0. 
Во продолжението Вардар се обидуваше да фати резултатски приклучок но тоа му успеа дури во второто полувреме на Горан Попов по нафрлувањето на Блажевски. 
Во финишот црвено-црните имаа играч повеќе поради исклучувањето на Блажевски но Работнички успеа да го одбрани резултат од 2-1.