Џет-Сет
21. November 2017 - 17:53

Ангелот на Викторија доживеа голем блам на ревијата: Манекенка падна на пистата и ги насмеа сите

 

На најпрестижната ревија на светот, манекенка доживеа голем блам од кој со денови ќе треба да се опоравува. 
 
Манекенката Минг Си сигурно нема да и биде драго што ќе биде запамтена како прва манекенка која паднала на годишната ревија на брендот „Викторија Сикрет“.  Сепак, тоа се случило, а таа станала и продолжила со дефилето.
 
Иако ова не беше пријатно искуство за неа, самиот факт дека е еден од ангелите на Викторија, e доволно за да продолжи со својата манекенска кариера.