Живот
15. December 2016 - 10:06

„Ангелите на Викторија“ им ги честитаа празниците на своите фанови

Честитката на „Викторијас Сикрет“ важи за една од „најсочните“ божиќни и новогодишни честитки годинава.

Имено, на Јутуб е објавен видео запис каде девојките од агенцијата, познати како „Ангелите на Викторија“, им ги честитаат празниците на своите фанови, само со долна облека, танцувајќи на евергринот „Santa Baby“.

Иако посилниот пол е прилично задоволен од видео честитката, девојките веднаш препознаа старомоден стил.