Свет
11. July 2016 - 15:05

Андреа Ледсом се повлече од трката за лидер на британската Конзервативна партија

 Пратеничката на Конзервативната партија Андреа Ледсом денеска се повлече од трката за лидер на владејачката партија и премиер на Велика Британија.

Со тоа министерката за внатрешни работи Тереза Меј остана единствен кандидат за функцијата премиер на земја, чии граѓани на референдум на 23 јуни гласаа за излегување од Европска унија.

Ледсом изјави дека смета оти нема доволно поддршка да победи и да раководи со силна и стабилна влада. Таа додаде дека сега на Велика Британија е и потребна стабилност, а не деветонеделна трка за нов премиер.

Ледсом истакна дека Меј е најдобрата особа за да ги води преговорите со претставниците на Брисел за излегување на Велика Британија од ЕУ.