Џет-Сет
15. јуни 2017 - 12:31

Анастасија откри дел од приватноста - Еве за што најмногу се кара со Цеца

 
Многумина би рекле дека Анастасија Ражнатовиќ достигна скоро иста популарност како и нејзината мајка. На Инстаграм ја следат околу половина милион луѓе, а повеќето од нив ја сметаат за пример и идол.
 
Таа открила дека добива многу брачни понуди, дека нејзиниот брат повеќе ја слуша мајка им, но и дека не знае да готви.
 
За нејзиниот однос со Цеца вели дека е пријателски, но не секогаш идеален:
 
-„Си делиме облека од ормарот. Повеќе таа зема од мене, маички и тренерки, сега таа мене ме краде. За настапите има своја гардероба, така што ако облечам нешто што го спакувала, тогаш летаат пердуви по дома.“ - вели Анастасија.