Македонија
17. October 2017 - 17:05

Анализите потврдија Ешерихија коли или фекални бактерии во фабриката во Штип каде беа затруени 21 работник

Откриена причината за труењето на 21 работник во штипската фабрика Актива. Лабараторсиките анализи извршени во Центарот за јавно здравје утврдиле присуство на ешерихија коли или фекални бактерии во мострите земени во фирмата специјализирана за производство на храна. Дел од вработените немале ниту санитарни книшки, а хигиената била на незавидно ниво.

-Случајот е затворен. Се направи изолација и бактериите беа пронајдени во храната и во брисеви земени од производителот на храна-изјави д-р Марија Димитрова, Центар за јавно здравје –Штип

Димитрова апелира за поредовни контроли на местата каде се приготвува храна за повеќе лица и санитарни прегледи на вработените, зашто ова не е прв и изолиран случај.

- Имавме во Пробиштип тровање со staphylococcus aureus исто во кујна на вработените во рудникот, така што сега повеќе се сведуваме на „гаснење на пожарот“ отколку на превентива- изјави Димитрова

Од санитарниот инспекторат ќе биде поднесена соодветна пријава до производителот на храна.