Македонија
26. July 2016 - 16:40

Анализа: Земјотреси како скопскиот се случуваат на 500 години

Нов катастрофален земјотрес на територијата на градот Скопје е можен во период од 500 години. Ова го покажуваат историските податоци, според кои, во скопското епицентрално подрачје досега се регистрирани три големи земјотреси во период од 1500 години, вели сеизмологот Драгана Черних.    

Повратниот период за земјотреси со јачина меѓу 4 и 5 степени според рихтеровата скала, кои можат да предизвикаат силни потреси на земјата, изнесува 10 години.

Според статистиката на СО, македонските граѓани и во последниот период почуствуваа серија мали земјотреси, но без последици. Последниот голем земјотрес на територијата на Македонија е регистриран во 2009 година во Валандово, кој што бил со јачина од 5,1 степен според рихтеровата скала и интензитет од 7 степени според европската макро-сеизмичка скала.