Македонија
17. October 2016 - 16:12

Анализа: Ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ се реални и остварливи

Почнуваме силно на терен како никогаш досега, ќе допреме до секој еден граѓанин, до секое семејство за да ве погледнеме во очи и да ви ги кажеме нашите планови и идеи како да го направиме вашиот живот подобар, а Македонија подобро место за живеење, порача лидерот на владејачката партија на вчерашниот собир.

На изборите на 11 декември Груевски побара огромна поддршка од граѓаните и 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои ќе значат крај на кризата и црните сценарија и стабилна влада.

Очекувани ветувања кои ќе значат продолжување на политиката на економски развој и подобар животен стандард на граѓаните.

Вака аналитичарот Владимир Божиновски го оценува вчерашниот говор на лидерот на владејачката партија. Според него барањата на Груевски за 63 пратеници се оправдани, бидејќи изборите на 11 декември ќе бидат почеток на крајот на кризата.

Околу бројот на пратеници засега може да се шпекулира и треба време, но во секој случај доколку се споредат истражувањата на јавното мислење, очекувањата се дека ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори ќе има убедлива победа, вели Божиновски.

Ставот на Груевски дека преку министрите и замениците министри од опозицијата, граѓаните имале можност да го видат вистинското лице на СДСМ се докажа преку нивната безидејност.

Според Божиновски наместо квалитетен кадар, СДСМ понуди партиски членови кои не реализираа ниту еден проект со кој можат да го бараат гласот на граѓаните.

Според Божиновски последниот збор сепак ќе го имаат граѓаните кои на 11 декември ќе ја подджат партијата за која сметаат дека има подобра програма и  ќе води Мкедонија напред.