Македонија
26. July 2017 - 17:33

Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ја изработи Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година.

Во оваа анализа, како што соопшти АВМУ, се претставени податоци за бројот на радиодифузерите, нивните економски перформанси во 2016 година (вкупните приходи, структурата на приходите, вкупните трошоци и структурата на трошоците, финансискиот резултат од работењето, како и просечниот број на вработени во редовен работен однос) и податоци за гледаноста на телевизиите и слушаноста на радиостаниците во 2016 година.