Македонија
20. January 2017 - 16:54

Анализа на Дневник, зошто СЈО се откажа од случајот „Пуч“

СЈО  до неодамна тврдеше дека се подготвени за судски процес ПУЧ а сега велат дека ќе се откажат од предметот бидејќи немало докази , пишува Дневник. На 22 септември лани специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека е подготвена да даде воведно излагање, пред тоа обвинителката Ленче Ристоска на прес конференција порача Доколку има услови за да биде одржана главната расправа, ние сме подготвени да започнеме со предметото ПУЧ.

Еден месец потоа откако судијата ја одложи расправата поради безбедносни сертификати на поротниците, Јанева и се развика како не и било срам да одложува судење цела година, велејќи и на судијката дека  ги малтретирала. Впечатокот според анализата на весникот е дека СЈО е конфузно, но и дека сите тие изјави биле само глума пред избори. Имале контрадикторни докази, па не биле убедени дека со иститие можеле да водат случај против Заев и Верушевски. СЈО сега вели дека има нови докази што ги побиваа претходните што кусо значи дека претходните  не биле докази, а СЈО тоа не го забележале цела година, пишува ДНевник.  Но јавноста ја виде снимката на Груевски и Заев во кабинетот на тогашниот премиер иако Јанева не ја прифати како доказ, бидејќи била компромитирана со објавување, а подоцна пак Фетаи бараше незаконски снимки да бидат доказ во случајот „ Центар“.  Не се заборавени ниту скајп комуникациите на Верушевски за граѓанска војна за тоа дека вршат голема работа и дека нема да бидат заборавени а конечно тука е и спогодбената пресуда на Звонко Костовски. Дека случајот не бил издржан, весникот констатира дека во оваа фаза тешко е некого да убедат во сето ова освен шарените.  Јавноста не заборава дека платената револуција палеше, демолираше и напаѓаше после аболицијата на Иванов а после аболицијата на Заев од Катица  нигде ги нема, што е уште еден доказ дека беа само политички инструмент на СДСМ и Сорос. И Зоран Заев молчи  и се крие исто како што правеше и за аболицијата за случајот Глобал, криминал тежок 8 милиони евра.

Во судската практика речиси никогаш не се случило Јавен обвинител да се повлече од ака голем предмет. Аболицирањето на Заев е преседан според експертската јавност. Вообичаено до сега јавниот обвинител оставал на судот да ги цени доказите.Според мислењето на правниците откажуањето на Катица Јанева од предметото „Пуч“може да се толкува како нејзина нестручност и немање капацитет да го истурка до крај, што може да биде и основа за враќање на предметот во обвинителството за гонење на дела од областа на организиран криминал.