Македонија
27. May 2016 - 16:22

Анализа: Македонија бледа копија на украинското сценарио

Она што пред извесно време се случуваше во Украина, денес се пресликува на улиците во Македонија. Украинското сценарио кое лично го најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев добива и своја реализација. Порталот Курир анализира дека демонстрантите на СДСМ и СОРОС користат исти оружја како оние во Киев. Катапултот со кој платениците ги фарбаат државните институции, беше и еден од главните реквизити на демонстрантите на Мајдан.

По само неколку недели Заев оваа изјава ја претвори во конкретни дела. Тој пред два дена гордо ја предводеше Шарената револуција, а на граѓаните само им докажа дека е главен предводник на насилните протести. И додека македонските граѓани се во неизвесност поради политичката состојба во земјава резултат на безидејноста на СДСМ, Заев во придружба на своите сопартијци ја уништи фасадата на Минисерството за правда, а чинот го нарече перформанс.  

Ваквото однесување на првите луѓе на опозицијата беше инспирација и за Facebook статус на новинарот Мухамед Зекири кој објави монтирана слика на која Заев наместо боја држи молотов коктел. Со оваа монтажа Зекири како дел од поддржувачите на платената револуција на СОРОС јавно посака лидерот на СДСМ што пореално да го ископира украинското сценарио во земјава.

Првичната штета од насилните протести во кои целосно  демолирана беше народната канцеларија на Претседателот Иванов, а уништени голем број на споменици и културни обележја на македнскиот народ и историја, се проценува на повеќе од 200.000 евра, сума која секојдневно се зголемува.