Македонија
25. October 2016 - 16:32

Аналитичари: СЈО одработува кампањски за СДСМ

Катица Јанева ја води кампањата на СДСМ и Зоран Заев, сметаат експертите. Според нив, СЈО веќе подолг период наместо како обвинителство, делува како политичка партија.

Експертите сметаат дека обвинителите мора да внимаваат на својот кредибилитет. Тие сметаат дека последните постапки на Јанева дополнително ќе ја намалат довербата на граѓаните во СЈО и затоа, специјалното обвинителство мора итно да се дистанцира од СДСМ

Експертите велат дека во период што следи, граѓаните не треба да бидат зачудени од честите прес конференции на Катица Јанева. Според нив, задачата на специјалната обвинителка е да го надополни недостатокот на кадровски и професионален капацитет во СДСМ и да му овозможи на Заев колку што е можно почесен пораз на декемвриските избори

Според Божиновски, чиј институт редовно ги изготвува најпрецизните предизборни анкети, координираноста меѓу Јанева и Заев, нема да даде резултати на денот на изборите.

Медиумите вчера пишуваа за договор меѓу СДСМ и Катица Јанева според кој, СЈО во периодот до изборите треба да отвори десетина истраги и да поднесе 6 кривични пријави.