Џет-Сет
2. November 2016 - 20:07

Ана Николиќ и сопругот Раста ѕвезди во новото шоу „Јас имам талент“

Годинашната сезона на натпреварувањето „Јас имам талент“ почна да се снима. Како што е познато во жирито се актерите Даница Максимовиќ и Срѓан Жика Тодоровиќ, како и еден од најпопуларните двојки на музичката сцена во Србија, Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста.

Ана Николиќ одлучи на своите обожаватели како и љубители на шоуто да им открие како изгледаше на снимањето, па на Инстаграм објави фотографија од жирито во полн состав.

Меѓутоа, она што сите ги интересира е кој ќе биде водител на едно од најгледните талент емисии во светот.

Во прашање е Ана Михајловски, која ќе се потруги кандидатите максимално да ги опушти, но и да направи шоу, што кога е во прашање нејзината водителска кариера воопшто нема дилеми.