Ана Ивановиќ објави крај на својата кариера
Кратко време по соопштувањето за крајот на професионалната кариера, Ана Ивановиќ за сајтот ВТА го даде своето прво интервју во кое тој објаснува како се чувствува по една од најтешките животни одлуки.
- Бев нервозна, но се чувствувам добро. Не ја донесов одлуката преку ноќ, ја имав на ум некое време, но се обидов да го следам срцето, што за мене е најдобро. Почнав да играм тенис, бидејќи го сакав овој спорт. Јас се уште го сакам, но време е се тргнам од различни причини. Немав многу среќа со повредите, пред две години бев во Топ 10, а потоа следат подеми и падови поради бројни повреди. Минатата година имав одлична предсезона, работев многу но осцилациите продолжија. Така почувствував дека е време да се повлечам, изјави Ивановиќ
Таа додаде дека тенисот ја направи посилна личност, и помогна да ги пронајде вистинските пријатели и дека со него ги совладала лошите моменти во животот.
Ивановиќ својот прв трофеј во кариерата го освои во Канбера 2005 година, три години подоцна триумфира на Ролан Гарос, освои уште 14 турнири, а последен пат на ВТА турнир трофеј освои на 21 септември 2014 во Токио.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања