Спорт плус
26. October 2016 - 18:09

АМС: Проект за едукација на професорите по физичко воспитување

Денес во амфитеатарот при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во  Скопје се одржа завршната активност  од Проектот за континуирана едукација на професорите по физичко воспитување од сите степени на образование,  кои покрај другото се активни чинители и поддржувачи на развој на училишниот спорт во сите степени на образование во Република Македонија.
На овој проект финсиран од Агенцијата за Млади и спорт на Република Македонија, а под покровителство на Владата на Република Македонија  присуствуваше м-р Марјан Спасески, директор на Агенцијата за млади и спорт, проректорот за настава при УКИМ проф. Вуица Живковиќ, како и поголем дел од наставниот кадар при ФФКСЗ.
Значењето на настанот е првенствено во придонесот на наставниците од сите степени на образованието во поддршката што ја даваат во развојот на спорт, како и во поддршката на човековите ресурси кои го реализираат обемниот и сложен систем на училишниот спорт и наставата по физичко воспитание.
-Овој проект треба да овозможи подобрување и подигнување на квалитетот на наставата по предметот физичко воспитување воопшто и приближување до квалитетот на физичкото образование кое постои во земјите членки на Европската унија и е во функција на здравјето на учениците. Главна цел на програмата е усвојување и примена на современите достигнувања на науката и практиката заради остварување на целите и задачите во физичкото и здравственото образование и воспитание, односно подобрување на квалитетот на часовите по физичко, изјави Спасески.
Проектот започна 2012 година, и се одржува во континуитет поради оправданоста на истиот која произлегува од резултатите кои ги покажува  во однос на подобрување на наставата по физишко воспитување и зголемувањето на бројот на ученици кои активно се бават со физички активност во рамките на училишниот спорт и надвор од него.