Спорт плус
22. October 2015 - 15:19

АМС му го честиташе успехот на Недев

Во Агенцијата за млади и спорт денес беше приреден прием на светскиот шампион Дејан Недев кој на СШ на Обединетото карате во Копер, Словенија постигна историски резултат освојуваќи златен медал.  
Директорот на АМС Марјан Спасевски на Недев му го честиташе историскиот резултат и истакна дека АМС во иднина ќе продолжи да инвестира во овој спорт и дека ќе ја помага нашата федерација МТКФ.