Loading Video...
Спорт плус
26. December 2017 - 14:26

АМС ќе помогне финансиски 240 најдобри младински екипи

Агенцијата за млади и спорт финансиски ќе помогне 240 најдобри младински екипи. Со сума од 22,5 милиони денари, односно приближно 366.илјади евра, државата, односно АМС ќе помогне 240 клубови. 
 
Најмногу средства по 2.700.илјади денари се предвидени за четирите најмасовни спортови, фудбалот,кошарката, ракометот и одбојката, во кои ќе бидат финансирани по 10 машки и 5 женски екипи, односно во одбојката 5 машки и 3 женски екипи
 
Агенцијата, средствата ќе ги распределува кон федерациите кои потоа ќе ги проследат до клубовите кои ќе мораат наменски да ги користат за подобрување на условите за работа во младите категории. 
 
- Уште од моето доаѓање на позицијата директор на Агенцијата за млади и спорт ветивме силна поддршка на младинските категории како и афирмација на женскиот спорт. Креиравме мерка која ќе има за цел директно да ги поддржи младите спортисти. Помагаме со средства во висина од околу 22,5 милиони денари наменети за 250 клубови, рече Дарко Каевски, директорот на АМС.
 
Сите корисници на овие средства се објавени на сајтот на агенцијата. Каевски објасни дека АМС ќе ја зголеми контрола дали овие средстав ќе се искористат според нивната намена.
 
- Ако агенцијата воочи неправилности во користење на наменските средства тогаш клубовите ќе бидат санкционирани, а средствата ќе мора да бидат вратени. Ние ќе продолжиме да се залагаме за иднината на младите спортисти и нивен правилен развој. Се што е во интерес на младите ние ќе се залагаме да го спроведеме и имплементираме. Веќе од наредната година ќе работиме напорно за да го зголемиме бројот на доделени стипендии „Спортска надеж“ поради зголемениот број на пријавени, кажа првиот човек на АМС.
 
 
Листа на младински клубови учесници во националниот спортски систем на натпревари организиран од националните спортски федерации кои што ќе добијат средства согласно распределбата по Конкурс може да ја видите овде.