Спорт плус
11. September 2017 - 15:14

АМС додели награда од еден милион денари за младите ракометари

Агенцијата за млади и спорт додели еден милион денари на Ракометната Федерација на Македонија за значајниот успех на нашите ракометари до 21 година, кои на Светското првенство во Алжир го освоија 6-то место.
Го вреднуваме трудот на младинските категории во спортот. 
Само со дополнителна поддршка може да продолжиме со успешните резултати и привлекување на што поголем број на млади луѓе да се занимаваат со спорт.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски изјави дека континуираната поддршка на спортистите кои постигнуваат успех ќе продолжи, залагајќи се за неселективен пристап, законска и транспарентна постапка при доделувањето на средствата.