Бизнис
30. November 2015 - 20:14

Америт апелира на внимателност при превезување турска стока во Русија

Македонските транспортери кои превезуваат стока од Турција за Русија четири дена се заглавени на границата меѓу двете земји, инофрмираат од стопанската заедница за патен транспорт АМЕРИТ. Москва одбива да ја крене рампата за да се истовари стоката на руска територија затоа што е од турско потекло. Камионите пак кои транспортираат македонска роба наменета за рускито пазар,  немаат проблем.  Затоа и од заедницата и од асоцијацијата на транспортери апелираа до домашните превозници да не прифаќаат превоз  на оваа релација и да внимаваат каква стока превземаат.

-Според неофицијалните податоци што ги добивме од терен сите кои превезуваат стока од Турција до Руската федерација односно кои се натоварени со стока од турско потекло не им е дозволен истовар на руска територија. За да се избегнат несаканите проблеми  од новонастанатата ситуација ги известуваме сите превознци да не прифаќаат превоз на релација Турција – Русија и да внимаваат  стоката која ја превземаат да не биде од турско потекло, се вели во дописот на здружението.

И од асоцијацијата на транспортери МАКАМ-ТРАНС ги советуваат превозниците да ја проверуваат целата документација за стоката.

Според податоците на асоцијацијата околу 30 отсто од македонските превозници возат на релација Турција – Русија.

Поради проблемот меѓу двете земји, веќе голем дел од турската стока е наменета за продажба на други пазари, како Чешка, Полска.

Со нарашувањето на Турско – руските односи, Руската федерација ќе го забрани увозот на земјоделски производи-  зеленчук и овошје од Турција, но  според изјавите на високи претстваници на Владата во Москва можно е   да се стави забрана за увоз и на друг вид на производи.