Американскиот рапер пронајден мртов
Клуб 27, 27 Клуб или 27 Форевер е името на групата во која се наоѓаат музичари кои починале на 27 години.
Младиот рапер е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, а го пронашла неговата девојка. Раперот имал здравствени проблеми, а неодамна бил хоспитализиран поради откажување на бубрезите и црниот дроб.
Во листата на несреќните ѕвезди се впиша и американскиот рапер Фредо Сантата кој долго време се бореше со бубрезите.
-Проклетство, изгубив зборови и плачам. Те сакам, почивај во мир, со овие зборови процудентот и рапер Maxo Kream се збогуваше од својот колега.
Сантата кон крајот на минатата година говорејќи ја својата болест истакна дека тоа не би му го посакал ниту на најголемиот непријател.
Зад себе Фредо го остави малолетниот сн поради кој престана да консумира дрога и алкохол.
Во Клубот 27 се Брајан Џонс, Џими Хендрикс, Џенис Џоплин, Џим Морисон, Курт Кобеин и многу други.
Постои теорија на заговор дека кај сите кои се дел од Клубот 27 во моментот на смртта во џеб имале бела запалка.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште